Цела кошаркарска Европа говори за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Василије Мициќ.
Сепак, сега е откриено каде дефинитивно нема да оди летово. Како што пишуваат шпанските медиуми, Фенербахче ја повлекол понудата што била испратена до српскиот плејмејкер.
Турскиот гигант чекаше еден месец на одговор, а потоа реши да ја напушти трката и да се сврти кон други решенија.
Хапоел Тел Авив и Олимпијакос се уште се први фаворити за потписот на Мициќ, кој се уште размислува што е најдобро за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

