Фенербахче се засили со Хрват од НБА (ФОТО)

Турскиот евролигаш Фенербахче промовираше ново засилување за новата сезона. Станува збор за храватскиот интернационалец Лука Шаманиќ кој во Истанбул доаѓа од НБА лигата.

Дваесетичетиригодишникот кој изминатата сезона ја помина во редовите на Јута Џез забележувајќи просек од 4.1 поен и 2.4 скокови на 43 одиграни натпревари потпиша едногодишен договор.

 

Се вчитува...