Фенербахче сериозно ослабен на стартот од Евролигата

Новата сезона од Евролигата ќе стартува утре, а веќе во првото коло ќе може да се проследи пресметка меѓу два сериозни кандидати за титулата, Реал во Мадрид ќе го пречека тимот на Фенербахче.

Турскиот гигант ќе допатува сериозно ослабен во Шпанија откако беше обелоденето дека Јан Весели и Жофри Ловерњ нема да можат да му помогнат на Фенер на премиерниот европски меч сезонава. Лекарскиот тим се обиде да ги оспособи двајцата центри, но ризикот од нова повреда е преголем, па тренерот Обрадовиќ реши тие воопшто да не патуваат со остатокот од тимот.

Трите големи летни засилувања, Де Коло, Вилијамс и Вестерман, се максимално подготвени и ќе настапат за Фенербахче на ова тешко гостување.

Се вчитува...