Фенербахче е на добар пат да загуби уште една трка за шампионска титула во Турција, но амбициозните газди на овој гигант не планираат да ги намалат сериозните инвестиции во играчкиот кадар.
Предвидено е Жозе Мурињо да остане на клупата, а главен подарок за португалскиот стратег се очекува да биде Томас Милер, германскиот ветеран кој веќе објави дека летово ќе си замине од Баерн Минхен. Челниците на Фенер веќе стапиле во контакт со офанзивниот фудбалер, нудејќи му одлични услови што Милер сериозно размислува да ги прифати за да остане во Европа, иако е свесен дека би можел да заработи уште повеќе ако се пресели во Саудиска Арабија.
Планот на Фенер е Милер да го заземе местото во нападот на Тадиќ, српскиот интернационалец чиј договор истекува на крајот од сезонава и кој дефинитивно ќе си замине од Истанбул. Покрај Тадиќ, се најавува дека Фенербахче ќе го напушти и Един Џеко, кој повторно е поврзуван со преселба во Хајдук, особено доколку сплитскиот клуб успее да стигне до титулата и учествува во квалификациите за ЛШ следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА