Фенербахче со нова трансфер-бомба – потпишува Нголо Канте

Фенербахче осетно го засили средниот ред со ангажманот на Гендузи од Лацио, а турскиот гигант е на добар пат да донесе уште едно големо засилување.

Станува збор за Нголо Канте, легендарниот фудбалер на Челси и на Лестер кој е подготвен за камбек во европскиот фудбал откако последните години ги мина во Саудиска Арабија како член на Ал Итихад. Канте има уште шест месеци од договорот со Ал Итихад и веќе стави до знаење дека не планира да го продолжи, по што Фенер тргна во офанзива за неговиот потпис.

Финансиските детали за 18-месечен договор на турскиот гигант со поранешниот француски репрезентативец се веќе средени, а Канте се согласил да се откаже од бонусите за преостанатите шест месеци во Саудиска Арабија, се со цел да добие зелено светло од актуелниот клуб за да може да се врати назад во европскиот фудбал.

Турските медиуми најавуваат дека тоа ќе се случи најдоцна до крајот на оваа седмица, по што Канте ќе допатува во Истанбул, на лекарски прегледи и потпис со Фенербахче.

Се вчитува...