Фенербахче со победа ја отвори новата сезона во Евролигата, откако вечерва на свој терен го совлада тимот на Олимпија Милано со 85-82 дури по продолженијата.
Фенербахче од средината на вториот дел па речиси се до финишот имаше предност, но на крајот успеаја да се вратат гостите за 76-76. И двата тимаа имаа по еден напад за победа, но промашија, па се влезе во продолженија. Таму турскиот тим подобро се снајде, беше подобар со 9-6.
Најефикасен на средбата беше Никола Миротиќ кој уфрли 27 поени, а кај побендичкиот тим Вилбекин постигна 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА