Фенербахче со голем пресврт во последната четвртина стигна до 22. победа во Евролигата совладувајќи ја Барселона со 88-82. Тимот на Жељко Обрадовиќ го доби последниот период со 15 поени разлика (36-21) и се зацврсти на првото место на табелата.
Костас Слукас со 22 поени и Али Мухамед со 19 поени беа предводници во турскиот состав. Јака Блажиќ со 15 поени беше најефикасен во редовите на Барселона.
Панатинаикос ја совлада ЦСКА во Москва со 77-78. Ник Калатес со тројка во последните моменти донесе победа за грчкиот тим. Серхио Родригез со 23 поени беше најефикасен кај „армејците“, а Панатинаикос одигра во тимски дух и четворица кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА