Фенербахче со супер-засилување за новата сезона

Американскиот кошаркар Девон Хол е нов член на турскиот шампион Фенербахче. Зделката меѓу Фенербахче и Девон Хол е завршена и Американецот ќе ги засили редовите на турскиот шампион.

Според европските медиуми, Хол ќе ја напушти миланска Олимпија и по трите шампионски титули во Италија, поранешниот студент на Вирџинија и играч на Оклахома Сити Тандер ќе стане член на Фенербахче.

Тој треба да биде замена за Тајлер Дорси, кој пред неколку месеци ги извести челниците на истанбулскиот гигант дека нема намера да остане во тимот и сака да ја смени средината.

Се вчитува...