Кошаркарите на Фенербахче убедливо ја победија Валенсија во рамките на 29. коло во Евролигата. Славеше турскиот тим победа од 30 разлика, но постави и нов рекорд.
Екипата од Истанбул успеа да го сруши рекордот на Евролигата по бројот на постигнати тројки. Тимот на Шарунас Јасикевичиус постигна неверојатни 28 тројки, и со тоа стана рекордер во оваа категорија.
Најмногу тројки погоди Тајлер Дорси, осум, додека Вилбекин постигна шест тројки од 10 обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА