Кошаркарите на Фенербахче одиграа уште еден очаен натпревар во Евролигата. Турците сега се распаднаа во дербито од 8. коло во Евролигата против Реал Мадрид, кој славеше убедливо со 84-58.
Фенербахче навистина прикажа очаен настап, и чудо е како изгледа еден актуелен европски шампион под водство на Шарунас Јасикевичиус.
Тео Маледон одигра уште еден добар натпревар со 15 поени, Треј Лајлс имаше еден помалку, додека Еди Таварес беше на работ на дабл-дабл настап со 13 поени и девет скока. Кај Фенербахче, Вејд Болдвин имаше 14 поени, Ортон-Такер исто така постигнаа двоцифрен број поени – 10.
Следниот ривал на Реал ќе биде Барселона, па во деветтото коло нè очекува Ел Класико.
По ова коло, Мадрид има скор од 4/4, додека Фенер има три победи и пет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

