Фенербахче доминира во Евролигата сезонава стигнувајќи и до 14-та победа во 15. коло, овој пат во дерби пресметката против Реал Мадрид во Истанбул.
Тимот на Жељко Обрадовиќ славеше со 65-63 против „кралевите“ во драматичен натпревар кој беше решен буквално во последните секунди. На шест секунди пред крајот Реал Мадрид имаше предност од 62-63, но тогаш Луиџи Датоме погоди за два поени а доби и едно слободно фрлање. Успеа да го погоди и слободното фрлање за конечни 65-63. Гостите во последните шест секунди имаа напад за победа, но не успеаја да реализираат.
THE ARTIST! ?@GigiDatome drives to the basket and gets the AND ONE to win the game!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/flWSkA3q41
— EuroLeague (@EuroLeague) December 28, 2018
Најефикасен во победничкиот тим беше токму Датоме со 17 поени, дополнети и со седум скока, а Јан Весели запиша 13 поени. Кај Реал Мадрид се издвоија Руди Фернандез со 12 поени и Џеси Керол со 11 постигнати поени.
Реал Мадрид сега има три порази, наспроти и 12 победи, за втора позиција во Евролигата веднаш зад лидерот Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА