ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Нашиот најтрофеен клуб Вардар, во четврток го очекува реванш натпреварот против Ла Фиорита од Сан Марино, во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Победата од 3-0 во првиот меч, може да биде гаранција дека „црвено-црните“ се на добар пат кон второто коло, и дуел со швајцарска Лозана. Меѓутоа ќе мора прво да се одигра реваншот, иако екипата од Сан Марино не би требало да преставува некаква закана, и да дојде до чудо.
Традицијата покажува дека Вардар многу потешко игра на гостувањата во Европа. Таму на прсти н една рака се бројат победите на „црвено0црните“ во пресметките со сите екипи во сите натпреварувања. Вардар досега има пет победи на гостувањата, а последната легендарна против Фенербахче од 1-2, што значеше и почеток на историјата на мак-фудбалот, со пласманот тогаш во групната фаза во Лигата на Европа, прво и засега единство учество во групите на едно европско клупско натпреварување на еден наш тим.
Најубедливиот триумф на гостувањата Вардар го оствари во 2004 година, кога го совлада тимот на Етникос Ахна со убедливи 1-5. Гостинските терени „црвено-црните“ ги освојуваше и против Самтредија од Грузија, Горица од Словенија, славната ЦСКА Москва, Фенербахче од Истанбул.
Традицијата и кај противникот, е на страната на Вардар. А, таа вели дека Ла Фиорита нема ниту една домашна победа во Европа. Единствениот триумф им е лани на гостински терен, додека дома имаат само три ремија, и 10 порази од 13 меча.
СИТЕ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ НА ВАРДАР ВО ЕВРОПА
1995/96 Самтредија – Вардар 0-2
1996/97 Горица – Вардар 0-1
2003/04 ЦСКА Москва – Вардар 1-2
2004 Етникос А. – Вардар 1-5
2017/18 Фенербахче – Вардар 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

