Фенербахче „удри“ по Евролигата: И ние имавме болести и повреди, па игравме натпревари

Турскиот тим Фенербахче, се огласи по повод одложениот меч со Париз во Евролигата, и тоа на само неколку часа пред неговиот почеток. Од екипата го истакнаа незадоволството за доцното известување за одложувањето, посочувајќи дека информацијата стигнала само неколку часа пред мечот.

Од клубот истакнаа дека ваквите ситуации ја поткопуваат сериозноста на натпреварувањето и ги доведуваат во прашање стандардите на Евролигата.

„Нашиот тим, Фенербахче Беко, како еден од најважните партнери на Евролигата, отсекогаш ја делел мисијата на оваа организација да биде репрезент на „највисоко ниво на европска кошаркарска“ и соодветно ги спроведуваше сите свои чекори. Глобалната пандемија на ковид-19, со која се соочува целиот свет во последно време, доведе до одложување на натпреварите поради смртоносните последици од болеста, во согласност со договорите меѓу екипите на Евролигата. Сепак, одлуката не може на ист начин да се одложи натпреварот на само неколку часа пред неговиот почеток. Ваквата одлука, донесена во такви околности, никако не е во согласност со сериозноста на Евролигата, која секогаш сме ја поддржувале и бранеле во сите прилики. Жалиме за ситуацијата во која се наоѓа Париз Баскет и им посакуваме брзо закрепнување на сите заболени од грип. Сепак, нашиот тим, Фенербахче Беко, се бореше без оправдување и покрај повредите и болестите во текот на целата сезона. За овој натпревар нашиот тим отпатува од Барселона во Париз по првиот натпревар од двојната недела, а еден од највознемирувачките аспекти на оваа ситуација е непријатноста што ја претрпеа стотици навивачи на Фенербахче кои купија билети за натпреварот“, велат од турскиот тим.

Се вчитува...