Фенербахче експресно му се реваншираше на Жалгирис за поразот во Истанбул минатиот четврток откако турскиот гигант вечерва ја освои Литванија, триумфирајќи среде Каунас со резултат 57-66. Жељко Обрадовиќ го доби мечот со извонредна одбрана во второто полувреме, кога за 20 минути им дозволи на домашните кошаркари да постигнат само 23 поени.
Избраниците на Обрадовиќ одговорија на предизвикот, па и покрај слабиот старт и водството на Жалгирис од 29-20, успеаја да се вратат и да направат пресврт. Клучен беше одличниот офанзивен скок на Фенербахче во последната четвртина, кога турскиот тим доминираше во рекетот, фрустрирајќи го домашниот тренер Јасикевичиус.
Гудуриќ со 17 поени беше најефикасен кај Фенербахче десет поени постигна Весели, додека најдобар поединец кај Жалгирис беше Волтерс со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА