Фенербахче е само последниот клуб кој испрати официјална понуда до Лирој Сане за негов ангажман како слободен играч бидејќи договорот со Баерн Минхен му е истечен.
Дваесетидеветгодишниот германски репрезентативец има понуди од неколку клубови од Саудиска Арабија, но и од Баерн Минхен кој сака да го задржи и покрај тоа што клубот и фудбалерот не успеваат да се договорат за износот на платата.
Сане беше дел од Баерн Минхен од 2020 година. Претходно настапуваше и за Шалке 04 од 2014 до 2016 година по што следеше преселба во Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

