Фенербахче во чест на жртвите од земјотресот во црни дресови против Партизан

Фенербахче ќе го одигра натпреварот против Партизан од 25. коло од Евролигата во Белград во целосно црни дресови специјално дизајнирани за овој дуел.

На овој начин турскиот гигант сака да им оддаде почит на сите жртви од страшниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Засега е познато дека од природната катастрофа загинале близу 50.000 луѓе.

Фенер моментално е на петтото место во елитното европско натпреварување со 14 победи и девет порази, а мечот против црно-белите ќе им биде прв по речиси 20 дена пауза.

 

Се вчитува...