Турски Фенербахче иако ја имаше фаворитската улога, сепак, дури во последната четвртина успеа да го скрши отпорот на Алба Берлин и победи со 90-73. На влезот на последниот период, гостите дури имаа и предност, но потоа со пресврт успеаја да дојдат до победата.
Последниот период тимот од Истанбул го доби со 29-13. Во текот на мечот, Алба имаше само двапати водство, и добро се држеше до последниот период, но таму Фенер ја презеде контролата и на крајот го доби мечот.
Шанли со 18 поени беше најефикасен, а после него следуваа Гудуриќ и Хајс со по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА