Фенербахче труимфално ја почна новата евролигашка сезона, славејќи над Париз со 96-77 за победнички старт на одбраната на титулата освоена пред неколку месеци.
Гостите од Франција парираа повеќе од едно полувреме, но турскиот гигант покажа квалитет во клучните моменти, успеа да се одлепи и потоа да слави со убедливи „плус 19 поени“. Хол беше одличен со 22 поени, а 20 поени реализираше новиот Американец Хортон Такер, додека прв стрелец на Париз беше Хифи со 23 поени.
Првото коло од новата евролигашка сезона беше комплетирано со мечот во Лион, каде Валенсија како гостин го совлада Асвел со 77-78. Шпанскиот тим беше предводен од Томпсон со 15 поени, два повеќе од Реуверс и од Костело.
Најефикасен во таборот на Асвел во првиот овосезонски пораз беше ветеранот Нандо де Коло со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

