Фенербахче во последниот напад ја урна Барселона

Фенербахче – Барселона 72-71 е исходот од драматичниот натпревар во Истанбул. И покрај тоа што Фенер водеше во поголем дел од мечот, сепак, на крајот Барселона успеа да има предност, но не и да ја задржи до крајот. Така шпанскиот тим прокоцка предност од два разлика во финишот, и на крајот Фенер да слави со три слободни фрлања на Болдвин на 10 секунди до крај.

Барселона имаше последен напад за пресврт, меѓутоа Пантер беше изблокиран чисто без прекршок, и на крајот славје во Истанбул.

Токму Пантер беше најефикасен со 20 поени, додека Бризуела постигна 19. Кај победничкиот тим Биберовиќ и Хортон-Такер постигнаа по 16 поени.

Се вчитува...