Фени индустри не можеше до изненадување во Охрид

Кошаркарите на Охрид ја забележаа својата седма победа во 14. меч во Првата лига оваа сезона, триумфирајќи пред своите гледачи над Фени индустри со убедливи 79-63.

Кавадарчани се соочуваат со бројни проблеми, по заминувањето на Магдевски тешка повреда заработи и Горјан Марковски, а тренерот Малинков со комбиниран тим не успеа да издржи повеќе од 20 минути во Охрид. По првото полувреме резултатот гласеше 42-43, но потоа охриѓани ја добија третата четвртина со 24-9 и ги разрешија сите дилеми околу победникот на оваа средба.

Јунаковиќ со 20, Кенет со 19 и Донески со 17 поени беа најзаслужни за овој триумф на Охрид, додека кај Фени најдобар стрелец беше Вокер со 20 поени, пред Петровски и Коцев со по 14 поени.

Се вчитува...