Кошаркарите на Карпош соколи сосема очекувано стигнаа до својата петта победа во Суперлигата на Македонија, славејќи во 7. коло на домашен терен против Фени Индустри со 83-61 (19-17,27-9,21-16,16-19).
Гостите од кавадарци на домашните успеаја да му парираат единствено во првата четвртина, но за нив огромен пех беше повредата на еден од најдобрите кошаркари, Матија Чешковиќ кој се повреди уште во 1. минута од натпреварот. Хендикепот за Фени беше очигледен низ текот на целиот дуел, па „соколите“ стигнаа до заслужена победа од 22 поени разлика.
Клучната разлика за победа се случи во втората четвртина која домашните ја добија со 18 поени разлика (27-9). Потоа се беше само рутина за триумф на Карпош Соколи.
Најефикасен во победничкиот состав беше Пери со 17 поени, додека Лабовиќ запиша 15 поени. Трајковски мечот го заврши со 13 постигнати поени. Во гостинскиот состав предводеа Стајиќ и Џекиќ со по 11 поени, додека Николовски запиша 8 поени и 10 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА