Кошаркарите на Фени индустри остварија очекувана победа (82-63) на домашен терен против Кожув во последниот меч од денешната програма во Првата кошаркарска лига. Со фуриозна игра во првите две четвртини, тие остварија убедлива предност на полувремето (44-28). Потоа се беше само рутина за кавадарчани, кои малку и го намалија темпото.
Кожув го доби третиот период, а потоа во 32.минута се доближи и на само пет поени негатива (60-55), но немаше сили за комплетен пресврт.
Кенет Фундербург со 34 поени беше најефикасен во победничкиот состав, а Филип Бакоч го заврши мечот со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА