Фени Индустри на убедлив начин стигна до полуфиналето во Купот на Македонија, славејќи во втората четвртфинална пресметка против Охрид АВ со 112-69 (24-12,28-19,34-20,26-18).
Домашните кошаркари во својата сала во Кавадарци доминантно го почнаа дуелот, максимално агресивно уште од првата минута, па веќе по првата четвртина беше јасно кој ќе ја однесе победата.
Во продолжението само засилено се зголемуваше разликата за на крајот конечна победа од 43 поени разлика (112-69) против охриѓани.
Најдобар поединец во редовите на Фени беше Чешковиќ со 20 постигнати поени, 18 поени постигна Николовски, а 14 поени – Пајиќ. Во поразениот тим Американецот Брукс беше единствен расположен за игра со постигнати 37 поени, плус и 10 скока и 5 асистенции, а Михајловски го заврши натпреварот со 13 поени.
Прв полуфиналист во Купот на Македонија е Карпош Соколи, кој претходно славеше против Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА