Кошаркарите на Феникс убедливо го совладаа Кожув во последниот натпревар за денеска од 4. коло во кошаркарската прва лига, и дојде до вториот триумф сезонава.
Домашниот тим уште по првиот дел му покажа на гостинот од Гевгелија дека нема што да бара на овој натпревар. По првата четвртина имаше предност од 27-20, за на полувремето да замине со предност од цеку 18 разлика (55-37).
Кожув се обиде да се врати во третиот период, особено во финишот кога имаше неверојатен пад во играта на домашните, па од +23, во еден момент разликата изнесуваше само +8, но и тоа беше недостижно за гевгеличани. Тонењето на гостите, односно доминацијата на домашните продолжи и во последниот период, откако Феникс брзо ја зголеми разликата на +20, од кои немаше враќање, за на после малото опуштање на крајот победа со 96-80.
Кошаркарите на Кожув немаа решение за Рис и Трајковски, кои постигнаа 34, односно 21 поен во оваа победа. Рис дојде и до 13 скокови. Кај гостите Хукиќ со 19 беше најдобриот поединец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА