Натпреварите на македонските тимови во квалификациите за ФИБА Еврокупот продолжуваат денеска од 18 часот во Никозија, Кипар каде Феникс 2010 ќе испише историја со прв настап на интернациоанлната сцена против Керавнос.
Составот предводен од Денис Дервишевиќ покрај средбата против кипарскиот тим ќе се сретне и со германскиот бундеслигаш Рошток во натпреварот кој ќе биде одигран утре (среда) исто така од 19 часот.
На турнирот на Кипар македонскиот прволигаш ќе биде сериозно ослабен со неиграњето на капитенот Андреј Митревски кој се уште се опоравува од повреда стекната во настапите за младинската репрезентација на Македонија, но со тимот е веќе Самаџе Хејнс-Џонс, новиот бек кој треба да биде големо засилување на дефицитарната позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА