Феникс добро го испоти ТФТ, Чаир триумфално од Гевгелија

Кошаркарите на ТФТ ја продолжија својата успешна серија во кошаркарската Прва лига, откако го совладаа тимот на Феникс потешко од очекувањата со 84-80.

Иако влегоа како фаворити, сепак, ТФТ мораше добро да се намачи за да стигне до нова победа, 15-та во 16-тиот меч.

ТФТ одлично го почна мечот, по првата четвртина се стекна со предност од 29-12. И кога се чинеше дека ја има контролата, Феникс се врати во вториот дел уште подобро, и го доби со 28-11. Феникс во третиот период имаше цело време предност, а клучниот пресврт се случи на  средината на четвртата четвртина кога ТФТ успеа да дојде до пресвртот, и да ја задржи предноста до самиот крај, иако во финишот Феникс стигна и до „егал“ во еден миг 80-80.

Стенли со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот тим.

Во вториот меч, кошаркарите на Чаир со 99-81 победија на гостувањето кај Кожув. Клучната разлика Чаир ја направи во втората и третата четвртина, после која домашните не можеа да направат „кам-бек“.

Најефикасен беше Билингсли со 26 поени.

Се вчитува...