Кошаркарите на Феникс стигнаа до победа во првиот натпревар во 2026 година откако вечерва ги декласираа Ангели на гостински терен со 60-99 во натпревар од 12. коло во Првата лига на Македонија.
Домаќините само во првиот период успеаја колку толку да се во игра и да бидат на едноцифрена негатива 16-23. Феникс стави во повисока брзина во вториот период и до крајот само ја зголемуваше предноста за конечни 60-99.
Aмар Грбовиќ со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените новата аквизиција Рубин Стефанов постигна 13 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

