Феникс 2010 стави крај на серијата од два порази во низа со триумф од 77-56 над Гостивар во послениот натпревар на овие два тимови во 2025 година.
По неубедливата прва четвртина за двата тимови која заврши со скромни 13-13 следеше период на доминација на домаќините до полувреме. Феникс покажа одлична игра во нападот, постигна 27 поени па стигна до двоцифрена предност од 40-30.
Добрата одбрана продолжи да биде адут на избраниците на Дервишевиќ, гостите постигнаа само девет поени во третата четвртина па и покрај тоа што „виолетово-жолтите“ не успеаја да ја пресликаа одличната игра во нападот од вторите 10. минута, ја зголемија предноста на 55-39 пред последната четвртина која беше само формалност.
Метјус со 17 поени и 6 скокови беше лидер на Феникс 2010, додека Абрам постигна 21 поен и забележа 4 асистенции за гостите.
Феникс го завршува првиот дел од сезоната со скор од четири победи и седум порази, додека Гостивар останува при самото дно на табелата со две победи и девет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

