Феникс го отпушти тренерот

Феникс Санс го продолжија трендот на делење откази на тренерите во НБА лигата. По неуспешната сезона во која не беше осигурно ниту место во плеј-инот повеќе тренер на оваа франшиза не е Мајк Буденхолзер.

Феникс беше еден од клубовите од кои многу се очекуваше во сезоната првенствено поради двоецот Кевин Дурент – Девин Букер, но тимот потполно потфрли завршувајќи ја сезоната со скор 36-46 за само 11. место на табелата во Западната конференција.

За Буденхолзер кој се прослави предводејќи ја Атланта, а во 2021 година го освои и шампионскиот трофеј во Милвоки ова е втор отказ за две години.

Се вчитува...