Кошаркарите на Феникс ја продолжија одличната серија во домашниот шампионат откако вечерва славеа и на гостувањето кај Гостивар со 75-89 во меч од 19. коло во Првата лига.
Во првата четвртина двете екипи беа напаѓачки потентни, а за нијанса подобри беа гостите кои ја добија со 23-26. Во вториот дел избраниците на Дениз Дервишевиќ заиграа уште подобро па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со двоцифрена предност од 43-54.
Во вториот дел скопскиот тим го исконтролира мечот за конечен триумф од 75-89. Андреј Митревски со 21 поен беше прво име кај победникот додека кај поразените со ист број поени заврши Вук Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА