Феникс го шокираше Голден Стејт, нов пораз за Дончиќ и Далас (ВИДЕО)

Феникс направи едно од најголемите изненадувања во актуелтната сеозна. Го совлада шампионот Голден Стејт со 115-111 и тоа како гостин во Оукленд.

Првакот беше доминантен во воведната четвртина, но потоа Феникс одигра одличен втор дел во кој постигна 40 поени и на полувремето имаше еден позитива. Во третиот сегмент беше комплетно израмнето, а клучен момент се чини беше повредата на Кевин Дурент на шест и пол минути пред крајот при резултат 91-91. Дурент го повреди истиот зголб како на дуелот со Филадлфија и не се врати на теренот.

Девин Букер со 15 поени за четири минути го однесе Феникс на плус 10 и до 16-та сезонска победа. Тимот на Кокошков е вториот најслаб во лигата, има 52 порази.

Голден Стејт има ефект 45/21 и и натаму е лидер на Западната конференција, но дефинитивно е во кризен период со оглед дека има шест порази на последните 10 натпревари.

Драматичното тексашко дерби во Далас му припадна на Хјустон со 94-93. Иако во текот на мечот речиси постојано беше во предност, неколкупати и двоцифрена, Хјустон не успеа да му се одлепи вистински на Далас кој беше во игра за поволен резултат до финишот.

Ерик Гордон со 26 поени беше најефикасен кај „рокетс“, Харден постигна 20. Лука Дончиќ мечот го заврши со 19 поени.

Со одличната серија победи, Хјустон се проби на третата позиција на Запад, Далас има пет последовни порази или 10 неуспеси на последните 11 дуели и затоа е претпоследен во Западната конференција. Послаб е само Феникс.

Сан Антонио го победи најдобриот тим во лигата и лидер на Источната конференција, Милвоки со 121-114 благодарение на серијата од 13-1 во завршната четвртина со која дојде до триумфална предност. Ламаркус Олдриџ со 29 поени и Демар Дероузен со поен помалку беа најзаслужни за победата. Кај Милвоки Јанис Атеоткумбо постигна 27 поени. Сан Антонио има ефект 38/29 и е на седмото место на Запад. Милвоки има биланс 50/17.

 

Се вчитува...