Феникс го совлада ЛА Клиперс и поведе со 3-1

Кошаркарите на Феникс Санс се на чекор од пласман во 1/4 финалето во плеј-офот на НБА лигата, откако вечерва со 112-100 го совладаа тимот на ЛА Клиперс на негов терен, и стигнаа до третата победа во серијата.

И покрај проблемите кои „сонцата“ ги имаа во првата четвртина, целосно се вратија во мечот и направија пресврт во втората четвртина, а потоа ги добија и последните две, па така имаат голема шанса со уште една победа се пласираат во следната фаза.

Најефикасен кај победничката екипа беше Дјурент кој постигна 31 поен, додека на средбата најдобар беше Весбрук кој постигна 37 поени.

Сега серијата се сели во Феникс на 26. април, а Санс ќе ја има и домашната публика како поддршка во обидот да дојде до четвртата победа.

Во следната фаза, Феникс ќе игра со подобриот од Денвер – Минесота. Денвер во таа серија има предност од 3-0. Првиот тим кој се пласираше во следната фаза е Филаделфија, кој со 4-0 го „збриша“ тимот на Бруклин.

Се вчитува...