Феникс и Баже Димитриев продолжуваат заедно (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 и во новата сезона ќе може да смета на услугите на 24-годишниот центар Баже Димитриев откако денеска официјално беше продолжена соработка која трае од претходната сезона.

Поранешниот младински репрезентативец на 22 одиграни средби во „виолетово-жолтиот“ дрес претходната сезона забележа просек од 4.6 поени при 68 отстотна реализација од поле и 2.1 скок, а во новата сезона се очекува да има и позначајна улога во скопскиот тим.

Во минатото Димитиев настапуваше и за Струмица и Пелистер.

Се вчитува...