Кошаркарскиот прволигаш Феникс 2010 денеска и официјално ја продолжи соработката со младиот Филип Димитриевски кој останува дел од скопскиот тим најмалку и во следната сезона.
Сега 18-годишникот e дел од сениорскиот тим веќе две сезони. Изминатата сезона настапи на 11 натпревари во Првата лига забележувајќи скромен учиник, но тој е подобро познат по пожртвуваната игра и одлична одбрана.
Интересно, токму Димитиревски ги постигна последните поени за скопскиот тим за сезоната 2023/24 реализирајќи тројка во третиот четвртфинален дуел против Работнички.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА