Феникс израмни против Клиперс, победи и за Бостон и Кливленд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс Санс израмнија на 1-1 во чевртфиналната серија во Западната конеференција против ЛА Клиперс откако рано утринава славеа на домашен терен со 123-109.

Најдобар поединец во таборот на победникот беше Девин Букер со 38 поени, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Кавај Ленард.

На 1-1 израмни и Кливленд Кавалирс во серијата на Истокот против Њујорк Никс откако славеше на вториот меч во Охајо со 107-90. Бостон очекувано дојде до 2-0, откако и во вториот меч во „ТД гарден“ ја совлада Атланта Хоукс 119-106.

Се вчитува...