Феникс ја расипа историската ноќ на Јокиќ, Бостон го врати брејкот со Филаделфија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс Санс намалија на 2-1 против Денвер Нагетс во полуфиналето од плеј-оф серијата во Западната конференција, откако синоќа на домашен терен славеа со 121-114. Брутална партија на натпреварот имаше Девин Букер кој на крајот заврши со 47 поени, додека Кевин Дурант уфрли 39.

Кај поразените залуден беше трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 30 поени надополнети со по 17 скока и асистенции.

Бостон Селтикс го врати брејкот против Филаделфија 76, откако славеше во градот на „братската љубов“ со 102-114. Џејсон Тејтум со 27 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Џоел Ембид заврши со 30 поени.

Се вчитува...