Феникс лесно ги „прелета“ Ангели

Феникс славеше со убедливи 79-62 над тимот на Ангели во првото коло од кошаркарскиот шампионат, во пресметката на двата скопски тима што мина во знакот на домашниот состав. Иако без повредениот Стојковиќ, тимот на Феникс доминираше од самиот почеток, јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволи изненадување на овој дуел.

Победникот практично беше решен уште во првото полувреме во кое Феникс делуваше моќно на теренот, добивајќи ја првата четвртина со 21-12, а потоа и заминувајќи на одмор со уште поубедливи 45-27. Новиот прволигаш од Кисела Вода настапува исклучиво со домашни кошаркари, избраниците на тренерот Гацов немаа сили за камбек во натпреварот, па Феникс заслужено го доби натпреварот со убедливи „плус 17“.

Златевски одигра одличен натпревар и со 24 поени и 10 асистенции беше најзаслужен за победата, а прв стрелец на Ангели беше Теон Богатиновски со 15 поени.

Се вчитува...