Чаир стигна до нова прволигашпка победа откако оваа екипа славеше во скопската пресметка со Феникс, и тоа на гостински терен со резултат 70-74. Откако Чаир славеше со убедливи 94-72 и на првиот дуел со овој ривал, вечерва повторно одигра квалитетен меч во кој долго го контролираше резултатот и на крајот во неизвесна завршница заслужено стигна до победата. Треба да се истакне и дека Феникс на овој натпревар настапи без двајцата најдобри домашни кошаркари, Андреј Митревски и Бојан Трајковски.
Првата четвртина заврши со израмнети 16-16, а Чаир беше за нијанса подобар и на одмор замина со четири поени предност (34-38). Разликата до самиот крај не беше повисока од пет поени, Феникс успеваше да се врати, но гостите секогаш имаа одговор за да дојдат до мала предност. Домашниот состав последната шанса ја пропушти на десетина секунди до крајот, кога од минус четири стигна до минус два, а потоа при 70-72 имаше напад за израмнување, но Петкоски беше непрецизен, по што Корбет од линијата за слободни фрлања стави печат на победата на својот тим.
Токму Корбет беше најдобар поединец во таборот на Чаир со дабл-дабл од 27 поени и 18 скокови, додека Мофит го заврши овој меч со 15 поени за победничкиот тим. Најефикасни кај Феникс во вечерашниот пораз беа Џонс со 19 и Рис со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА