Екипата на Феникс се пласираше во ТОП 8 екипите во Купот на Македонија, откако вечерва славеше на гостувањето кај Чаир со 83-79. Мечот имаше драматичен финиш, во кој Чаир стигна до -2 поени, но на крајот гостите имаа посилни нерви и подобри беа во шутевите за слободни фрлања, за да слави триумф.
Феникс за малку ќе ја испуштеше победата, откако ги доби првите три четвртини, и во последната влезе со +9 поени разлика. Но, домашните успеаја да намалат, во неколку наврати да стигнат и до само два поени разлика, но секогаш Феникс наоѓаше начин како да ја зголеми таа предност и на крај да слави пласман меѓу најдобрите осум тима.
Најефикасен беше Тачи од Чаир кој постигна 23 поени. Рахама кај Феникс беше најдобар со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

