Феникс доживеа нов болен пораз во НБА лигата губејќи на домашен терен од Минесота со 98-116 во натпревар по кој критики за играта на својот тим упати ѕвездата Кевин Дурент.
Крилниот центар постигна дабл-дабл учинок од 26 поени и 10 скокови, но тој не беше доволен за неговиот тим да се надева на само 29-тиот триумф во сезоната.
„Сра*е од натпревар човече. Не бевме на ниво. Ги посрамотивме фановите, се посрамотивме и самите себе си. Сакам да сме подобри“, изјави Дурент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

