Кошаркарите на Работнички поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во домашниот шампионат против Феникс, откако вечерва на домашен терен потешко од очекуваното славеа над Феникс со 84-80.
Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни, во која за нијанса подобри беа домаќините кои по десет минути имаа предност од 21-19. Избраниците на Самарџиев одиграа одлично во вториот период, па на пауза заминаа со двоцифрена предност 49-37. Со иста мера Феникс возврати во третиот период, па пред последните десет минути имаше негатива од само три поени 62-59.
Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која на крајот сепак подобро се снајде тимот од „Градски парк“ кој стигна до конечен триумф од 84-80. Димитрик Трис со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените 14 постигна Самаје Џоунс.
Во плеј-аут сегментот Кожув на домашен терен славеше над Вардар со 74-63.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА