Феникс Санс подобар од Минесота, нов трипл-дабл на Јокиќ!

Пол одигра уште еден извонреден натпревар во НБА лигата, па со нов трип дабл го водеше својот тим во победата на Феникс над Минесота, запишувајќи 21 поен, 10 скока и 14 асистенции.

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ продолжува да игра брилијантно откако го регистрираше својот шести трипл-дабл во јануари во победата на неговиот тим од 116-105 над Њу Орлеанс Пеликанс.

Јокиќ имаше 29 поени, 13 скока и 10 асистенции. Од нив, тој успеа постигне дури 22 поени во второто полувреме.

„Тој едноставно може да го одлучи натпреварот кога и да посака. Тоа го направи и сега”, потенцираше неговиот колега Брин Форбс.

Останати резултати:

Орландо Меџик – Детроит Пистонс 119:103

Атланта Хокс – Бостон Селтикс 108:92

Шарлот Хорнетс – ЛА Лејкерс 117:114

Хјустон Рокетс – Портланд Трејл Блејзерс 110:125

Мемфис Гризлис – Јута Џез 119:109

Мајами Хит – ЛА клиперс 121:114

Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 105:116

Оклахома Сити Гром – Индијана Пејсерс 110:113

Сан Антонио Спарс – Чикаго Булс 131:122

Феникс Санс – Минесота Тимберволвс 134:124

Милвоки Бакс – Њујорк Никс 123:108

Се вчитува...