Феникс со одлична последна четвртина до победа над Шкупи

Кошаркарите на Феникс стигнаа до голема победа во борбата за опстанок во Првата лига на Македонија, откако вечерва во последниот натпревар од 11. коло на домашен терен славеа против Шкупи со 78-73.

Натпреварот почна израмнето, па по десет минути игра резултатот беше егал 19-19. Гостите одиграа подобро во вториот период во кој успеаја да го сопрат противникот на само 15 поени, па на пауза меѓу двете полувремиња да заминат со позитива од шест поени (34-40).

Во третата четвртина повторно се играше во егал, па пред последните десет минути Шкупи имаше предност од пет поени (55-60). Домаќините во последниот период одиграа одлично и на крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и триумф од 78-73.

Андреј Митревски со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Грегори Трибл исто така заврши со 23 поени.

Се вчитува...