Феникс со победа над МКК Куманово ги зголеми шансите за плеј-оф во македонскиот шампионат

Кошаркарите на Феникс стигнаа до голема победа во борба за пласман во плеј-офот во шампионатот на Македонија, откако денеска во матине терминот во премиерниот натпревар од 18. коло од Првата лига славеа над МКК Куманово со 84-75.

Гостите одиграа многу подобро во првото полувреме, па на пауза меѓу двете полувремиња имаа предност од седум поени 44-51. Во третиот период домашниот тим успеа да ја анулира целата предност на гостите и пред последните десет минути да влезе во егал 67-67. Клучен во мечот беше стартот на последниот период кој избраниците на Дениз Дервишевиќ го отворија со серија од 13-2 која на крајот беше доволна за конечен триумф од 84-75.

Андреј Митриевски со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Тадија Тадиќ постигна 17 поени.

 

Се вчитува...