Koшаркарите на ТФТ забележаа изненадувачки пораз во домашниот шампионат откако вечерва во премиерниот дуел од 15. коло во Првата лига на Македонија на домашен терен загубија од Феникс со 73-75.
Домаќините подобро го отворија натпреварот, па по десет минути игра имаа предност од 26-19. Во вториот период се играше во егал, па на пауза се замина со позитива на домаќинот од седум поени 44-37.
Во второто полувреме гостите одиграа далеку поквалитетно и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до конечен триумф од 73-75. Адетукаси Тимоти со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 22 поени на Дарин Говенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

