Феноменалниот Маркез со триумф ја заврши Мото ГП сезоната, Зарко избегна страшна несреќа… (ВИДЕО)

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез на феноменален начин со победа ја заврши извонредната сезона во која ја освои шампионската титула во Мото ГП шампионатот.

Пред домашната публика во Валенсија, Маркез триумфираше убедливо пред Фабио Квартараро и Џек Милер. До десеттото место завршија уште Андреа Довициозо, Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Жоан Мир, Валентино Роси, Алеш Еспаргаро и Пол Еспаргаро.

Маркез со победата во Валенсија ја заврши сезоната со 420 поени, а зад него се Довициозо со 269, Вињалес со 211, па следат Ринс, Квартаро, Петручи, Роси, Милер, Крачлоу и Морбидели во Топ 10.

Трката ја одбележа и несреќата на францускиот мотоциклист Жоан Зарко од тимот на Хонда, кој по судир излегуваше од патеката во Валенсија, а го „покоси“ мотор на друг мотоциклист. Се работи за моторот на Икер Лекуон, кој неколку секунди по Зарко, падна од својот мотор.

 

Се вчитува...