Кога Јаромир Јагр лани на 46-годишна возраст се удри со глава во оградата и му беше препорачано да одмори од хокејот во наредните 12 месеци се чинеше дека приказната на овој спортски великан е завршена. Впрочем, пензионирање по тешка повреда во спорт како хокеј на мраз, на 46-годишна возраст е единствената нормална одлука.
Само што Јагр уште еднаш покажа дека не размислува како „нормалните“, па реши и на 47 години да се врати на мразот.
Тој се појави во тимот на Кладно, значително здебелен во однос на периодот кога растураше во НХЛ-лигата, но сепак му помогна на својот тим да стигне до победа од 2-0 во чешкиот шампионат.
„Не ми е лесни да тренирам и да играм, не сум подвижен како некогаш. Имам 118 килограми, но ќе помогнам колку што можам“ – изјави чешкиот ветеран.
Јаромир Јагр е најдобар европски хокеар на сите времиња, втор најдобар играч во историјата на НХЛ по бројот на поени (вкупен збир на голови и асистенции). Во 1990 година тој на 18-годишна возраст стана најмлад играч во историјата на НХЛ-лигата, а во 2017 на 45-годишна возраст стана и највозрасниот што настапил во најсилната лига во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА