Младата репрезентација на Македонија има 0-0 на полувремето против Србија во вториот квалификациски натпревар за ЕП 2023, благодарение само на извонредниот чувар на мрежата, Давид Денковски.
Голманот на Брегалница, нешто слично како и на дуелот во Ле Ман со Франција, одбрани најмалку три погодоци за Србите во првиот дел, одржувајќи не се уште во игра за бодови од дуелот кој се игра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Денковски најпрво одбрани идеална шанса на Гавриќ во 17. минута, потоа го спречи зицерот и на Тедиќ во 26. минута, за во 36. минута да го одбрани ударот на Тедиќ од белата точка, а потоа на одбиената топка го одбрани и шутот на Милосављевиќ.
За македонската репрезентација ќе останат забележани шансите на Илиевски во 25. минута и на Фазлагиќ, по кои избраниците на Драган Канатларовски можеа да се стекнат со предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА