Феноменален гол на Марсиал…, Јунајтед и Лестер ја продолжуваат трката за ЛШ… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед активно ја продолжува битката за место во Лигата на шампионите следната сезона откако во 33. коло од Премиер-лигата славеше убедливо против Бурнмаут со 5-2.

Триумфот на „црвените ѓаволи“ беше обезбеден уште во првото полувреме кога со погодоците на Гринвуд, Рашфорд и Марсиал беше обезбедена предност од 3-1. Марсиал во судиското продолжение од првото полувреме постигна феноменален погодок…

Во второто полувреме уште три погодоци за конечен триумф на Јунајтед од 5-2. Гринвуд и Фернандес погодија за Манчестер јунајтед, а Кинг од пенал погоди за Бурнмаут.

Во вториот натпревар, Лестер запиша значајна победа од 3-0 против Кристал Палас. Ихеаначо во 49. минута и Варди во 77. минута и во 93. минута беа стрелци на головите за домашните.

По оваа победа, Манчестер јунајтед со 55 бода е на четвртата позиција, со бод повеќе од Челси кој има и натпревар помалку.

 

Се вчитува...