Феноменален гол во 93. минута за историски успех на Курасао (ВИДЕО)

Салвадор доживеа висок пораз од Хондурас од 4-0 во синоќешното последно коло од Групата Ц на Голд Куп, и покрај тоа што му беше неопходен само бод за пласман во следната фаза.

Па, сето тоа го искористи Курасао кој со гол во 93. минута се пласираше понатаму. Јамајка поведе со голот на Николсон во 14. минута, па кога се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат следеше неверојатен момент во последните секунди. Гари извонредна шутираше од 25 метри, постигнувајќи феноменален гол за радост на неговата селекција.

 

Првпат во историјата Курасао ќе игра во нокаут фазата на Голд Куп.

Се вчитува...